Почина 25-годишен професионален војник, му се слошило на полигонот Криволак
Почина 25-годишен професионален војник на полигонот Криволак, за време на марш, откога му се слошило.
„Веднаш со армиско болничко возило и во придружба на воен лекар бил однесен во најблиската здравствена установа, здравствениот дом во Неготино, по што по направените интервентни испитувања бил упатен со болничко возило кон КАРИЛ во Скопје. По пристигнувањето, од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време била констатирана смрт“, објави Генералштабот.
Се работи за момче со иницијали А.Ј.
Од Генералштабот велат дека војникот бил еден од кандидатите кои го посетувале селективниот курс за баталјонот за специјални сили и бил во добра здравствена состојба и одлична физичка подготвеност.