Хаос во Цетиње: Бомбашки напад, мртви има

Од
Објавено на

Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, недалеку од тамошниот Спортски центар.
Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен. Во тек е истрага, објави „Подгорица вијести“.
Според неофицијални информации, на лице место е убиен член на криминалниот клан „Скалјар“, а извор од врвот на Полициската управа изјавил дека на повредите им подлегнало уште едно лице, член на истата организирана криминална група.
