Свет

Столтенберг повторно и се закани на Кина: Треба да се соочат со последиците

(Видео) Столтенберг: Украина успеа да врати 50 отсто од териториите преземени од Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Кина треба да се соочи со последици за нејзината поддршка за Русија во војната против Украина, наведувајќи дека е рано да се зборува за какви мерки станува збор.

Столтенберг во средата во Отава рече дека НАТО треба да започне да ја оценува таа опција бидејќи, како што рече, не е одржливо Кина да продолжи да ги поттикнува најголемите безбедносни закани за членките на алијансата, особено во Европа, објави Би-Би-Си (CBC). Столтенберг истакна дека постои зголемена загриженост за зголемената соработка меѓу авторитарните држави.

Посетата на Столтенберг на Канада дојде истиот ден кога рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун потпишаа договор во Пјонгјанг со кој ветуваат взаемна помош во случај која било земја да се соочи со „агресија“. Иако сè уште не се познати деталите од договорот, и Русија и Северна Кореја се соочуваат со конфликти со западните земји.

„Очекуваме дека сите земји членки на НАТО ќе го исполнат ветувањето дека ќе инвестираат во одбраната и дека сите ќе ја достигнат планираната распределба од два отсто од БДП“, рече Столтенберг.

Тој посочи дека 23 од 32 земји членки на НАТО годинава ќе го достигнат нивото од два отсто од БДП издвоен за одбрана.
Канада е во последната третина од членките на Алијансата кога станува збор за буџетот за одбрана, а се очекува оваа година да потроши 1,37 отсто од БДП за одбрана. Столтенберг се сретна со канадскиот премиер Џастин Трудо во Отава пред самитот на НАТО следниот месец во Вашингтон и доби награда за долгогодишната служба како генерален секретар на Алијансата, од која ќе се пензионира во октомври.

Се очекува Столтенберг да биде заменет од холандскиот премиер во заминување Марк Руте.

To Top