Свет

Путин по Северна Кореја во Виетнам: Рускиот претседател и То Лам усвоија изјава за стратешко партнерство

Претседателите на Русија и Виетнам, Владимир Путин и То Лам, денеска во Ханој усвоија изјава за натамошно продлабочување на сеопфатното стратешко партнерство на двете земји по повод 30-годишнината од спроведувањето на руско-виетнамскиот договор за Основи на пријателски односи.

За време на посетата на Путин на Виетнам беа потпишани најмалку 11 договори, пренесува ТАСС. Станува збор за договори за соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, високото образование, правосудните институции, даночните служби и царината.

Потпишан е и договор за изградба на нуклеарен научно-технолошки центар во Виетнам со учество на руската државна корпорација за атомска енергија „Росатома“. Потпишан е и договор за соработка меѓу Русија и Виетнам во развојот на лабораториска инфраструктура за борба против епидемии.

Ова е петта посета на Путин на Виетнам, а прва од 2017 година. Путин пристигна во Виетнам во средата вечерта, по посетата на Северна Кореја, при што го потпиша Договорот за стратешко партнерство со лидерот на таа земја Ким Џонг Ун.

На почеток