Македонија

Ангелов: Верувам дека владата ќе помогне да се стават во функција трите ер-трактори

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов оддржи прес-конференција на која извести за вкупниот број на расположливи противпожарни ресурси на територијата на државата.

Ангелов е оптимист дека за 10 дена со раководството на новата влада на Македонија ќе можат да се решат неколку исклучително тешки проблеми кога станува збор за справувањето со шумските пожари ова лето. Открива дека трите авиони ер-трактори за гасење не можат да летаат бидејќи има само еден пилот.

,,Денес сме недоволно подготвени, но за максимум 10 дена ќе бидеме драстично подготвени, бидејќи верувам дека владата ќе помогне да се стават во функција трите ер-трактори.”, изјави Ангелов.

,,Во овој момент во државата имаме 4 функционални хеликоптери кои можат да помогнат за гаснење пожари и еден извиднички хеликоптер на МВР кој може да се користи и за 3 ведра, едното ведро е од 2 тона, а второто е од 1,5 пол тон на териот има корито од 1.500 литри вода, коритото е побезбедно за самите пилоти бидејќи го олеснува пилотирање бидејќи ведрата се тешки, особено при слетување. Истото се однесува и на едниот дел на армијата кој можеме да го користиме, но АРМ има зголемени ангажмани, но во одредена сериозна ситуација може да сметаме и на овој хеликоптер со едно ведро кое мислам дека собира до 2,5 тони вода”, вели Ангелов и додава:

За жал авионите се нефункционални не можеме да сметаме на ниту еден ер-трактор има само еден активен пилот и со еден не можеме и покрај напорите на ДЗС не е надминат овој проблем. Имаше барање двајцата пензионирани пилоти да се ангажираат ова лето. Немаме позитивен одговор од владата во заминување. Оптимист сум дека идната влада веднаш ќе им даде со договор на дело да работат на пензионираните пилоти. Оптимист сум дека за десетина дена ќе имаме 4 хеликоптери. Сите овие летала имаат број на часови за летање. Сите мораат да имаат еден краток и еден долготраен неколкунеделен сервис. Затоа мораме да бидеме внимателни со користење на воздухопловите, инаку ќе бидат недостапни во критични ситуациии.

На почеток