На 112 континуирано многу повици – иако во Скопско невремето се стиши, тоа продолжи во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и други региони во нашата држава
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени повеќе пријави за штети и информации за опасности за граѓаните и околината, настанати од невремето во Скопје, што зафати дел од градот. За сите пријавени случувања и итни случаи на 112, преку Секторот за операции и координација во ЦУК се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје за постапување по пријавите за штети и опасности.
За сега билансот, според досегашните пријави и информации за опасности и за итни случаи на 112 во ЦУК, што и се зголемуваат, заради невремето во Скопско е следен: дрвја паднати 16; возила оштетени 3; кабли откачени од бандери 7; откачени и оштетени кровови 3 и паднат дел од фасада 1 и за повредени лица 1. Конкретно е добиена пријава за паднато дрво врз жена на улицата, во близина на пекара Пастел на локација: Булевар Свети Климент Охридски, бр. 66., Скопје. Известени се ИМП и Полиција за натамошна постапка.
Линиите на 112 се вжештија: повеќе од 160 до 200 во првиот час, темпото на постојано добивање пријави за штети, информации и итни случаи заради невреме не застанува иако во Скопско невремето се стиши, бидејќи заради локалните обилни врнежи од дожд, град на места и засилен ветер во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и други региони во нашата држава