Македонија

Оградата се враќа пред Владата, ама била несоодветно чувана, па можеби ќе треба нова

Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена.

Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка.

За оваа ограда се потрошени 700.000 евра.

На почеток