Медиасет

Почина холивудската актерска легенда Доналд Сатерленд

Холивудската актерска легенда Доналд Сатерленд после долго боледување денеска на 88 години почина во неговиот дом во Мајами.

Веста за смртта на „Твитер“ ја објави неговиот син, глумецот Кифер Сатерленд.

Лично мислам дека е еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улога, добра, лоша или грда. Тој го сакаше тоа што го правеше и го правеше она што го сакаше, и никогаш не може да се бара повеќе од тоа. Имаше добар живот, напиша 57-годишниот Кифер.

Доналд Сатерленд роден е во Канада на 17 јули 1935 година, а неговата кариера траеше повеќе од 50 години. Некои од најзабележителните улоги на Сатерленд вклучуваат нетипични воини од филмовите како што се „12-те жигосани“, „M*А*S*H“ и „Златo за смелите“. Неодамна, тој глумеше во американската телевизиска серија Dirty Sexy Money.

Сатерленд глумеше во многу филмови и серии, а еден од најголемите успеси го постигна со епскиот филм Новеченто на Бернардо Бертолучи, како и со драмата „Обични луѓе“ (1980), режисерско деби на Роберт Редфорд.

На почеток