Македонија

Спасен холандски турист во Охрид, однесен во болница со скршеница на нога

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на с.Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

На почеток