Свет

Бесни шумски пожари во Турција: Пожарот зафати неколку села, има и загинати

Најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десет се повредени, од кои 10 потешко, во шумските пожари што во текот на ноќта зафатија неколку села во југоисточна Турција, изјави денеска турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

„Пет лица загинаа, а 44 се повредени, од кои 10 потешко“, кога пожарот зафати две области во близина на градот Мардин на југоистокот од земјата, напиша министерот за здравство Фахретин Коча на платформата Х.

Најголемиот пожар избувна во областа меѓу Мардин и Дијарбекир.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 41 возило и 150 лица, јавува Анадолија.

На почеток