Агелер: Нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата
Нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата, изјави Анџела Агелер, американска амбасадорка.
„ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – Вреди, која е исто така коалиција, исто како и Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и други и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција. Партијата што победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум што владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира.“, вели Агелер.
На 29 мај, лидерот на ДУИ Али Ахмети, во името на коалицијата Европски фронт, повика на битка за почитување на духот на Охридскиот договор и почитување на правото на застапување од оние кои имаат легитимитет во заедницата.