Македонија

НовАсном ја осуди изјавата на Агелер: Нема право да ни кажува дали треба да ги подржиме двата предавнички договора

,,НовАсном најостро ја осудува изјавата на американската амбасадорка Г-ѓа Агелер дадена во мегафонот на Стејт Департментот, Радио Слободна Европа, за неможноста на раскинување на меѓународниот Преспански и Бугарски договор. Ја потсетуваме Амбасадорката Агелер дека САД во 2002 и 2019 година самоинцијативно истапија од два меѓународни договори, Анти-Балистички Догвор и Договрот за лимитирање на ракетите од среден дострел, што го имаа склучено со бившиот Советски Сојуз и неговиот наследник Русија Со самоиницијативното истапување од овие два стратешки договори, САД ја влошија безбедносната состојба на Европскиот континент и воопшто во светот.

Амбасадорката Агелер нема никакво морално, етичко ниту пак било какво право, нас Македонците да ни кажува дали треба да ги подржиме двата предавнички договора, Преспанскиот и Бугарскиот. Ја потсетуваме амбсадорката Агелер дека со овие два предавнички договора, дискриминацијата која владее во Грција и Бугарија врз Македонците против нашата воља се внесе во нашата држава. За жал, САД јасно се става на страната на кршењето на основното човеково право на Македонецот, да си ја именува својата држава како што сака и јасно се става на страната на дискриминаторската политика против македонците и истата не наидува на никакви симпатии кај нашиот народ.

Ние македонците нема никогаш да ги прифатиме двата дискриминаторско предавнички договри Бугарскиот и Преспанскиот се додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија Враќањето на името Републике Македонија ние Македонците ќе го постигнеме без разлика дали САД тоа го подржува или не и прашање е на време, кога тоа ќе го оствариме. Во тој контекст, наша врвна национална Македонска безалтернативна цел е враќање на името на нашата држава.

Ја советуваме амбасадорката Агелер дека потребно е САД да се стават на страната на правдата, слободата и основното човеково право на македонецот да си ја именува својата мила тактковина Република Македонија. Тоа е најдобар начин, Македонскиот народ, во вас да гледа, искрен и сакан пријател, амбасадорке.”, изјавија од НовАсном.

На почеток