Свет

Трагедија во Барселона: Турист убиен пред ноќен клуб

Британски турист (31) е избоден до смрт пред ноќен клуб во близина на Барселона, објавија денеска локалните медиуми.

Како што пренесува Sky News, инцидентот се случил околу четири часот наутро во Калела, на околу 50 километри од Барселона, кога пред ноќниот клуб „Оксиген“ избила тепачка.

Полицијата ја потврди смртта на туристот и соопшти дека во инцидентот е повредено и едно лице кое итно е хоспитализирано.

Британскиот конзулат објави дека во моментов ги истражува снимките од безбедносните камери во областа.

На почеток