Свет

12-годишно девојче тајно излегло од дома, телото и било пронајдено како лебди во потокот: Ја убиле мигранти

Напаѓач во САД убил три жени, па пукал во себе

Двајцата мажи обвинети за убиство на 12-годишно девојче од Тексас се мигранти од Венецуела кои беа пуштени во САД и покрај тоа што беа пресретнати од граничните агенти.

Френклин Хозе Пена Рамос (26) добил GPS тракер за глуждот од страна на имиграционите службеници кога влегол во Тексас преку Ел Пасо на 28 мај, но тој го прекинал пред да биде уапсен за убиството на Џоселин Нунгари.

Јохан Хозе Рангел Мартинез (21) исто така беше ослободен откако беше пресретнат од агенти на 14 март, повеќе од три месеци пред телото на девојчето да биде пронајдено како лебди во потокот во близина на нејзиниот дом во Хјустон во понеделникот.

Рамос им рекол на агентите дека планира да живее со својот братучед во Хјустон, но тракерот требало да го следи неговото движење само 21 ден, а тој делел стан со Мартинез кога бил уапсен, пишува Дејли Меил.

Двајцата беа обвинети за тешко убиство во четвртокот, а инспекторите ги чекаат резултатите од тестот за да потврдат дали Џоселин била силувана.

Рамос бил пуштен во земјата откако им кажал на официјалните лица дека се плаши за својот живот доколку биде вратен во неговата родна земја, изјавија извори за The Post.

Неговиот отфрлен монитор за глуждот беше пронајден во средата.

Полицијата објави слики од две лица кои биле видени со Џоселин неколку часа пред нејзината смрт, откако прикрајно излегле од нејзиниот дом околу 22 часот во неделата навечер.

Полицајците рекоа дека осомничените, кои живееле на истиот блок со девојчето, налетале на тинејџерката и отишле со неа до продавницата.

Таа ноќта околу полноќ од продавницата му се јавила на своето 13-годишно момче.

Тој пријавил дека ја слушнал како разговара со двајца возрасни, објави градоначалникот на Хјустон, Џон Витмир на прес-конференција во вторникот.

Нејзиното тело го пронашол случаен минувач Били Џексон во понеделникот наутро нешто после 6 часот во плиток поток.

Мајката раскажала дека исчезнувањето на ќерка си го забележала околу шест часот наутро кога отишла да ги разбуди неа и нејзиниот брат.

Таа не знае кога нејзината ќерка тајно излегла од куќата во текот на ноќта, кога се случило страшното злосторство.

To Top