Свет

Несреќа во Германија: Маж тешко повреден, полицијата на задното седиште пронашла безживотно тело на жена

Во сообраќајна несреќа на автопатот А81 кај Епфендорф во Германија, возачот на автомобилот е тешко повреден, додека полицијата на задното седиште од возилото пронашла тело на жена. Се сомневаат дека возачот на Хјундаито намерно ја предизвикал несреќата за да го прикрие делото, јавуваат германските медиуми.

Полицијата добила повик за сообраќајна несреќа на патот на околу 80 километри од Штутгарт во вторник, 18 јуни. Хјундаито излетало од патот и удрило во централната бариера. Зад воланот бил тешко повредениот возач, додека спасувачите на задното седиште пронашле тело на жена.

Набргу стана јасно – починатата жена е Алина Л.(30), сопруга на возачот Влада Л.(36). Таа веќе била мртва кога нејзиниот сопруг удрил со својот автомобил во бариерата, пренесува Билд.

Според информациите на Билд, истражителите веруваат дека Влад прво ја убил сопругата, а потоа предизвикал несреќа на автопатот. Се сомнева дека Влад сакал да го прикрие убиството на сопругата, а можеби и да се самоубие.

Влад и Алина дојдоа во Германија од Романија пред три години со две деца. Таткото работел на градилиштето, додека Алина се грижела за ќерката (13) и синот (10).

„Алина добро се снајде и одлично зборуваше германски. Нејзиниот сопруг не се снајде баш“, изјави нивниот познаник.

Тие двајца раскинаа пред четири недели, а Алина наводно имала нов партнер.

„Кога семејството се распадна, Влад остана без ништо“, додал познаникот.

Влад се иселил од станот и нашол ново место за живеење на околу 70 километри.

Во вторникот требало да си ги собере работите од станот во кој претходно живееле заедно.

“Алина беше земена од Влад од нејзината работа во Штутгарт. Таа требаше да се врати во станот. Таму чекавме, но двајцата не дојдоа”, изјавила сестрата на Алина, Јонела (22).

Се уште не се знае како починала Алина, а закажана е и обдукција.

Засега не се знае во каква состојба е Влад.

На почеток