Израелската војска врзала повреден Палестинец за џип
Војската на Израел соопшти дека нејзините сили го прекршиле протоколот со врзување на ранет Палестинец за предниот дел од нивното возило за време на рација во градот Џенин на Западниот Брег.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија инцидентот откако беше снимен и споделен на социјалните мрежи. Во соопштението на ИД се вели дека мажот бил ранет во размена на оган за време на рацијата, во која бил и осомничениот.
Семејството на повредениот вели дека кога повикале итна помош, војниците го однеле мажот, го врзале за хаубата од нивниот џип и се оддалечиле.
Лицето на крајот било пренесено на лекување во Црвената полумесечина. ИД најави дека инцидентот ќе се истражува.
Очевидци кои разговараа за новинската агенција Ројтерс го идентификуваа човекот како локален жител по име Муџахед Азми.
„Утрово (оп. сабота), за време на контратерористичките операции насочени кон фаќање барани осомничени во областа Вади Буркин, терористите отворија оган врз војниците на ИД, кои возвратија со оган“, се вели во соопштението на ИД.
„При размена на оган еден од осомничените е ранет и заробен.