Пожар во Градско: Гори сува трева и жито

Од
Објавено на

Регионалниот ЦУК Велес известува за пожар на отворен простор во атарот на с.Уланци, во Општина Градско.
Интервенираат ТППЕ Велес со 4 пожарникари и 1ПП возило.
Зафатена е површина со сува трева и жито. Дополнително е побарана помош од страна на ТППЕ Велес со уште една екипа од 4 пожарникари и 1 ПП возило.
Вкупно на терен интервенираат 8 пожарникари со 2 ПП возила.
