Македонија

Џафери му ја предаде премиерската функција на Мицкоски

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.

,,При официјалното примопредавање на премиерската должност на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски му посакав успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани.

Ги нагласивме слободните, фер и демократски избори како додадена вредност на евроинтеграциите.

Искажав надеж дека политичките субјекти ќе покажат високо ниво на политичка свест и отвореност за соработка за стратешките приоритети на државата.”, напиша Талат Џафери.

На почеток