Македонија

Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура и туризам од Бисера Костадиновска Стојчевска

Денеска, во десет часот, во просториите на Министерството за култура и туризам, беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, помеѓу досегашниот министер Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков.

Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура и туризам .

Министерот Љутков истакна дека доаѓа време на промени, а пред сите чинители од областа на културата и туризмот, претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува врвен приоритет на новата влада.

To Top