Македонија

Агелер со честитки за новата Влада: Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство

Анџела Агелер, американската амбасадорка во земјава, на социјалната мрежа Х упати честитки за формирањето на новата Влада.

,,Честитки за формирањето на новата влада. Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат”, напиша Агелер.

На почеток