Медиасет

(Видео) Модриќ за малку ќе заплачеше, она што го доживеа на конференцијата ќе го памети засекогаш

Лука Модриќ, 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација, беше длабоко погоден по ремито со Италија (1:1) на Европското првенство, кое речиси сигурно ја елиминираше Хрватска од понатамошното натпреварување.

Иако постигна гол и беше прогласен за играч на натпреварот, Модриќ тешко го поднесе сознанието дека му пропадна последната шанса да освои голем трофеј со репрезентацијата.

По натпреварот, Модриќ беше видно емотивен и во солзи додека ја примаше наградата за играч на натпреварот. Сепак, на прес-конференцијата, еден италијански новинар успеа да го развесели со топли зборови на благодарност за сето она што му го пружи во текот на кариерата.

Би-би-си објави видео од тој трогателен момент.

„Лука, добра вечер од италијански новинар. Сакам да ви се заблагодарам за се што покажа не само вечерва, туку и во текот на вашата кариера. Уште еднаш го напуштивте теренот како врвен играч. Промаши пенал, но постигна гол веднаш потоа, сакам никогаш да не се пензионираш бидејќи си еден од најдобрите играчи за кои сум коментирал“.

Овие зборови предизвикаа аплауз кај присутните новинари, а Модриќ трогнат одговори:

„Ви благодарам од се срце за таквите прекрасни зборови. И јас би сакал да играм фудбал засекогаш, но ќе дојде време кога ќе морам да ги закачам моите копачки. Не знам уште колку ќе играм, но ви благодарам за убавите зборови“.

Овој момент покажа колку е почитуван и сакан Модриќ не само во Хрватска, туку и ширум светот, како и колку е тешко да се прифати крајот на исклучителната кариера.

На почеток