Македонија

Ангелов со детали за спасувањето на 16-годишното девојче кое вчера падна во провалија

,,Вчера околу 20:30 часот на бројот на 112 се јави избезумена мајка која што не извести дека над Струмица во околината на манастирот Св.Илија нејзината ќерка која што заминала да пешачи и да спортува паднала во провалија. Ќерката и кажала на мјаката дека не знае каде се наоѓа и дека има повреди на главата.”, вели Стојанче Ангелов и додава:

По повикот на мајката добивме повик од нејзината 16-годишна ќерка видно исплашена. Нашите оператори ја утврдиле точната локација и итно ги известиле СВР Струмица, противпожарната единица и итната медицинска помош. По утврдување на точната локација, пожарникарите се спуштиле до повреденото девојче и истот го извлекле од провалијата.

Девојчето има повреда на главата и е згрижена во болницата во Струмица.

На почеток