Скопје

Пријавени штети од невремето: Паднато дрво врз три возила во Карпош

На 112 во ЦУК, ноќва, во 03:22 часот, добиена е пријава за паднато дрво врз три возила, како и на коловоз на ул.„Разловечко востание“ бр.16 (Општина Карпош). Увидна екипа од МВР била на лице место и направила увид.

Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежна служба за да го отстрани проблемот.

Дрвото е паднато поради временската непогода – силен ветер и обилни врнежи.

Утрово во 06:09 часот, е добиена е пријава за уште еден оштетен автомобил, на истата улица, но на бр.12.

На почеток