Хаос во училиште во Германија: Вооружена полиција ја опколи зградата, учениците затворени во училниците


Голема полициска акција во училишниот центар на улицата Георг Кершенштајнер во Германија, полицијата ја опколи зградата и им наредиле на учениицте да останат затворени во училниците.
Полицијата околу 11 часот пристигнала во училиштето Емил Посел.
Засега не се познати деталите од оваа полициска акција, но ситуацијата е крајно сериозна.
Десетина родители и други роднини се собраа пред Ханзехала, каде полицијата отвори центар за згрижување.
“Ни се јави синот и ни кажа дека се затвориле во училницата. Чувствуваат дека нешто сериозно се случува. Многу сме загрижени”, рекол Олаф Бом (52).
Полицијата во моментов го претресува училишниот комплекс.
