Свет

Хорор во Казахстан: Девојче загина кога врз неа паднал споменик кој бил срушен од силен ветер

Седумгодишно девојче загина откако споменик во парк во градот Атирау во Казахстан беше урнат од силен ветер, соопшти денеска градската полиција.

Инцидентот се случил синоќа кога силен ветер го урнал споменикот во Алејата на хероите од Големата патриотска војна во Паркот на победата, а девојчето починало од повредите во регионалната детска болница, соопшти полицијата, пренесе Интерфакс.

Истрагата за инцидентот е во тек, информираат од полицијата.

На почеток