Скопје

Приведен крадец од Скопје: Со сила украл златно ланче од 64-годишна жена

Приведен крадец во Кавадарци, украл паричник во слаткарница

Полициски службеници од ЕВР Карпош на 24.06.2024 во 15.30 часот во Скопје го лишиле од слобода Л.А.(31) од Скопје поради тоа што истиот ден на подрачјето на Карпош, со употреба на физичка сила, од 64- годишна скопјанка одзел златно ланче што го носела на себе.

Од страна на ЕВР Карпош поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.

На почеток