Свет

Се огласи обвинителството за нападот врз наставник во Чачак

Пијан човек во Србија искршил сообраќајни знаци и удрил полицаец

Наставник во училиштето „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Чачак бил нападнат од родители на ученици од таа установа, а Основното јавно обвинителство во тој град го објави целиот случај.

„За настанот во Основното училиште „Д-р Драгиша Мишовиќ“ бил известен дежурниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Чачак, а дежурниот обвинител наредил полициската управа во Чачак да земе изјава од оштетениот на сите околности на настанот, за понатамошно постапување. Но, оштетениот одбил да се изјасни за предметниот настан, барајќи само лицето кое му се обратило во училиштето да биде предупредено за идно однесување, без понатамошно постапување од страна на надлежните органи, што било сторено“, соопшти обвинителството.

Да потсетиме, еден од родителите на ученик во Основното училиште „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Чачак прво вербално, а потоа и физички го нападнал наставникот од тоа училиште, за да му ја подобри оценката на детето.

На почеток