Македонија

(Видео) Застрашувачки изгледаат дел од хируршките сали: мириса на изгорена гума

Застрашувачка слика затекнал министерот за здравство, Арбен Таравари кога ги посетил хируршките сали на Клинички центар. Тој тоа го сподели во поткастот „Претрес“ каде кажа дека изгледало неубаво. Според него, за сите да бидат функционални, ќе требаат помалку од шест месеци. Проблемот со миризбата на изгорена гума, ќе се надмине со инсталирање на нов систем.

„Ми кажуваат дека треба шест месеци, ќе се обидам порано од тоа да завршиме, инсталација на комплетно нов систем, со гаранција“, рече Таравари.
Нема точна бројка колку пациенти чекаат за операција.

„Апсолутно е срамота да чекаат“, додаде Таравари.

Извештајот од Германија нема да смени ништо во тоа како треба да се реши проблемот.

„Повеќе губиме сега финансиски, со неработење, отколку да се смени системо“, посочи тој.

Ги претресовме сите клиники и болници – проблеми куп. Како ќе ги реши? Дали ќе ги реши? На Кардиохирургија тепачка, на Онкологија гужви и несоодветни услови, на Радиологија додека стигнат исчитани резултати луѓето оздравуваат, Брза помош има листа на чекање иако е „брза“… Ќе се разбуди ли комираното здравство или ќе има клиничка смрт?

Судривме куп ставови:

На почеток