Македонија

Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС

За денес беше закажано судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт. Но судењето е одложено за 9 јули, бидејќи на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.

Како што информираше адвокатот на Каевски, тој е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.

Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски.

На почеток