(Видео) Хирург од „8 септември“: Невремето направи сериозни последици на оперативниот блок; Таравари ќе го разрешува директорот
Од
Објавено на
Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“ тврди дека вчерашното невреме направило сериозни последици на оперативниот дел од објектот. Според него, тоа е последица на невремето.
„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, пишува Каревски.
Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.