Македонија

Ова е новата цена на струјата: има поскапувања

Првиот човек на комисијата, Марко Бислимовски ги објави новите цени на електричната енергија.

„За 88% од домаќинствата кои се во прв и втор блок цената на електричната енергија има корекција од 0,4%. За оние потрошувачи кои се во трет блок, а тоа се околу осум проценти од домаќинствата цената се зголемува за 0.48% и за четврт блок цената е зголемена за 0,57%. Клучно е сега универзалниот снабдувач да ја следи дадената регулаторна насока за оптимизирање на набавката на останатите 15% за количини на електрична енергија што ЕСМ не ги понуди, и сега треба да се набават на слободен пазар.

Цената на евтината тарифа се зголемува за 0.65%.

Тарифните блокови се клучни при пресметката на сметките за електричната енергија за домаќинствата.

При одредувањето на тарифниот блок се зема во предвид само потрошената електрична енергија во висока тарифа (скапа струја):

прв тарифен блок: од 0 до 210 kWh;
втор тарифен блок: од 210 kWh до 630 kWh;
трет тарифен блок: од 630 kWh до 1 050 kWh;
четврт тарифен блок: над 1 050 kWh.

На почеток