(Видео) Директорот Костов од ГОБ „8 септември“ да ги пакува куферите, хируршки сали се поплавени од вчера


Не може да се оперира во салите на третиот кат од болницата „8 септември“, а опремата се преместува на долните катови. Ова е епилогот од прокиснувањето на хируршкиот блок во болницата, по вчерашното невреме. Се спроведуваат итните и неодложни операции.
Во тек е санација на кровот, а оперативниот програм се спроведува. Во функција остануваат шест операциони сали. Во оваа болница има дополнителен бран на пациенти поради тоа што е затворен дел од хируршкиот блок на Клинички центар поради проблеми со системот за воздух.
Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“ одговорност лоцираше кај директорот Христијан Костов.
„Негрижа и запоставување секогаш излегуваат на виделина. Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница“, пишува Каревски.
Разочаран од раководењето на болницата е и новиот министер за здравство, Арбен Таравари. Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ ги коментираше состојбите во оваа болница и најави смена на директорот Христијан Костов.
