Македонија

Уште колку бебиња и родилки да умрат, за да се дојде до правда, прашува Ваепоска која остана без органи, а нема одговорност за докторот

Одложено денешното рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени матката, јајникот и бубрегот при царски рез во бооница во Струга.

Судењето е одложено бидејќи во струшкиот суд не стигнало супервештачењето кое го прават вешти лица од високообразобни и високонаучни институции.

„Двајца судии се пензионираа, третиот судија е во тек на мојот случај, но дали ќе го заврши или ќе треба и четврти судија? Тоа ќе биде катастрофа. Толку исчекување правда е многу долг период. И психички и физички и финансиски сум исцрпена. Колку бебиња треба да умрат, колку родилки треба да умрат или да останат како мене половина човек за да се дојде до правдата? Колку години му треба на судот да донесе одлука? Четири години поминаа откако настана мојот случај и уште чекам правда“, вели родилката од Дебар.

По повеќе од две години низ судските лавиринти и тројца судии кои го водеа судскиот процес, Веапоска стравува дека постапката може повторно да се врати на почеток, оти последниот судија, Јордан Јованов од Скопје, е делегиран до 5 септември.

На почеток