Перу го погоди земјотрес со јачина од 7 степени: Предупредување и за цунами

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Перу во 5:36 часот по средноевропско време, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 30 километри југо-југозападно од Атикуипа, Арекипа. Земјотресот се случи на длабочина од 60 километри.
Засега нема информации за штети или дека има повредени.
Издадено е предупредување за цунами, пренесува breakingthenews.net.
