Трагедија во Маврови Анови: Почина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер

Од
Објавено на

Вчера околу 18 часот во Полициско одделение Маврово, Д.Ѓ. (55) пријавила дека нејзиниот малолетен син починал.
Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови, информираат од СВР Тетово.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Неофицијално се работи за 14 годишно момче.
