Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Татко го прегазил едноиполгодишниот син во дворот од семејната куќа, бил пијан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
romanija-3

Страшна несреќа се случи во Ботошани, Романија, кога татко си го убил едноиполгодишниот син во дворот на семејната куќа.

— реклама —

Според романските медиуми, таткото влегол во автомобилот и го стартувал автомобилот но не забележал дека зад возилото стои неговиот син.

Мажот продолжил да вози и го прегазил детето. Малото момче се здобило со сериозни повреди и починало во болница.

— реклама —

Инцидентот се случил околу 17 часот, а мајката без размислување го извадила детето од земја и отишла во најблиската здравствена установа во Савени.

Во меѓувреме на местото на настанот пристигнала екипа на Брза помош со лекар. Момчето било реанимирано 40 минути, но повредите биле фатални.

„Тука се случи, го прегази со автомобил. Не го направил тоа намерно, не сакал да си го убие детето. Има и ќерка од 7-8 години. Мајката го однела детето во најблиската болница таткото дал исказ во полиција“, рече сведокот.

Соседите се во шок откако дознале за трагичниот настан и имаат само пофални зборови за човекот.

"Го знаеме како добар човек, ме однесе на лекар кога требаше. Го познавав и момчето, често играше надвор. Дали навистина е мртов?"

Полицијата веднаш отворила истрага и по алкотестирање било утврдено дека таткото бил во алкохолизирана состојба со 1,37 mg/l во крвта.

Таткото е осомничен за убиство од небрежност и по завршување на истрагата ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmlngt843unk5G665Kd

Македонски државјанин загина во тешка сообраќајка во Цирих, возачот избегал, па подоцна се предал на полицијата

Македонија | пред 1 седмица

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

Среде концерт во КИЦ паднала вентилациска решетка од таванот, повредена е една жена

Скопје | пред 2 седмици

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

При влез во автобус паднал 85-годишен патник, му се затворила вратата

Скопје | пред 3 седмици

Screenshot-2022-05-14-at-21.34.51

Камион излета од патот кај клучката Хиподром, сообраќајот во прекин

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања