Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Видео) Орбан и Зеленски, очи в очи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
orban-zele

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски имаа краток разговор на маргините на самитот на ЕУ во Брисел.

— реклама —

На видеото од салата се гледа како Зеленски седи, додека до него стои претседателот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел. Во тој момент им приоѓа Орбан и му ја подава раката на Зеленски. Украинскиот лидер потоа станува и се ракува со унгарскиот премиер.

Не се слуша за што точно разговарале Орбан и Зеленски, но од нивните гестови изгледа како емотивно да се вклучиле во разговорот, оценува хрватскиот портал Индекс.

— реклама —

За време на разговорот Зеленски дури ја стави раката на рамото на Орбан, додека Орбан мавташе со рацете речиси во текот на целиот разговор.

Инаку, Украина во четвртокот потпиша договори за безбедност со Европската унија, како и со Литванија и Естонија, додека Унгарија за неколку дена, од 1 јули, ќе го започне шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија.

Од почетокот на руската инвазија, Орбан се позиционираше како еден од ретките е-европски сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, континуирано противејќи се на испраќањето оружје во Киев. Тој, исто така, ја оспори политиката на воведување санкции кон Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски за Блумберг: Мировниот договор е далеку, споровите околу Донбас остануваат

Свет | пред 12 часа

media-libraryjki9bask084dcggplpb

Трамп Јуниор со жестоки критики кон Украина и контроверзни толкувања на воениот конфликт

Свет | пред 17 часа

volodimir-zelenski1-830x0

Мировниот план за Украина во застој: тешки разговори и европски консултации

Свет | пред 17 часа

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп: Разочаран сум поради Зеленски

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања