Македонија

(Видео) Таравари: Не можам да кажам дека непартиски ќе поставувам директори, економските ќе се укинат до септември

Министерот за здравство, Арбен Таравари, во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека од септември нема да постојат економски директори на клиниките. Тој е дециден дека ова ветување ќе го реализира во овој временски рок. Посочи и дека стручноста и професионалноста ќе бидат главни критериуми за новите директори на Клинички, но не отфрли дека улога ќе има и партиската припадност.

„На Клинички ми е многу полесно, знаеме кои се добри кадри. За периферија ми требаат консултации, можеби ќе задоцнам малку. Не мора да се сменат сите директори. Ќе се обидам што помалку да има влијание политиката, но не можам да кажам дека апсолутно непартиски ќе поставувам директори“, рече Таравари.

Клинички ќе се спојува, систематизацијата се работи. Дигитализација на здравството ќе има за две години – откри што значи тоа. Матичните доктори ќе имаат друг начин на финансирање и земање капитација. Пак ќе се бара нова локација за Клинички. Што ќе се прави со Онкологија?

Погледнете од одговорите на Таравари:

На почеток