Скопје

Тројца скопјани со лисици: двајца барани со потерници, еден се шетал со прашкаста материја

Денеска (29.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(26) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 28.06.2024 во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.М. (27) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл. 247 ст. 2 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.

На 28.06.2024 во Скопје полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С. (30) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по чл.235 од КЗ. Лицето ќе биде предадено на надлежна казнено поправна установа.

На почеток