Скопје

Скопјанец донесен избоден во Градска болница: не го кажува напаѓачот, но се знае причината

На 28.06.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар предмет од едно лице кое го познавал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток