Македонија

Филипче нов претседател на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во Владата на Зоран Заев, го презеде раководењето во СДСМ.

Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори на кои силите ги одмери со Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во заминување, и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.

Со оглед дека на изборите гласаа 12 608 социјалдемократи, од запишаните 23 000, Филипче има повеќе од половина што значи дека изборот е во прв круг.

На почеток