Свет

(Видео) Тежок удар за Киев: Русите разнесоа воен воз, 117-та бригада остана без оклопни возила

Русија удри воз со воена опрема во селото Украинка во Запорожје.

На снимката од извидувачкиот дрон се гледа дека возот бил натоварен со оклопни возила.

Москва тврди дека биле уништени оклопни возила М113 и БМП-2, резервоари за гориво, самоодни ракетен систем Бук-М1.

Оружјето наводно било наменето за 117-та бригада на вооружените сили на Украина.

,,Екипажот на оперативно-тактичкиот ракетен систем „Искандер-М изврши ракетен напад на местото на истовар на железничкиот воз со оружје и воена опрема на Вооружените сили на Украина“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

На почеток