Свет

Експлозија на гас во Русија: Едно лице загина, седум се повредени

Едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас што се случи во катна станбена зграда во рускиот град Стерлитамак, соопшти денеска градската управа.

Експлозијата се случила во стан на вториот кат поради невнимателно ракување со гасот за домаќинството, соопштија официјални лица, пренесе РИА Новости.

Меѓу седумте повредени има и две деца, како и двајца вработени во компанијата за гас.

Службите за итни случаи и спасувачките екипи се на лице место. Како што покажа прелиминарната истрага, експлозијата се случила при работа на поправка на опрема за испорака на гас.

На почеток