Скопје

Ново Село против Топилницата, повикуваат на протест

,,Ве повикуваме на протест на ден 4ти Јули 2024 со почеток во 10:00 часот пред зградата на општина Ново Село!

Решивме да ја стопираме изградба на тешка загадувачка индустрија Г1 односно топилница на алуминиум која се гради на 80м од единствената бушотина за снабдување со вода за Ново Село и неправилно издадена градежна дозвола за таа топилница, на земјиште со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, а објектот е во категорија Г1 , во подножјето на село Смолари, зелениот бисер на Беласица!

Барањето за градежна дозвола е поднесено на 04.10.2023, следниот ден е одобрена, а на 06.10.2023 станала правосилна, што имлицира и наведува дека е издадена во криминалната спрега воспоставена од градоначалникот, инвеститорот за топилницата, министерството за животна средина и фирмата на таткото на градоначалникот што “најверојатно” ја гради топилницата, а “најверојатно” е затоа што до денес нема објавено градежна табла, сокривајќи ги сите информации од јавноста.

ЗОШТО?

Зошто на четирите барања уште од Ноември претходната година, од советникот од СТИГА Е, градоначалникот не одговара и не ги дава на увид документите за градежната дозвола на спорниот објект?!

Дали е точна информацијата дека пред да се издаде градежната дозвола, фирмата на таткото на градоначалникот примил позајмица од 640 000 евра од фирмата на инвеститорот?!

Факт е дека согласно правилникот за категоризација на објекти прецизно е наведено дека се што е топилница спаѓа во Г1.3 односно ТЕШКА ИНДУСТРИЈА – Обоена металургија и согласно законот не може да биде изградено на помало растојание од 5 км од населено место или заштитена зона.

Ако се точни шпекулациите во врска со “позајмицата” на фирмата на татко му, тоа можеби изгледа како сосема добра мотивација е за да се “прогледа” поинаку и ТОПИЛНИЦАТА да се именува просто како “хала за алуминиумски одливци… “

Обработката и топењето на отпаден алуминиум е исклучително опасен технолошки процес што вклучува дробење, топење на исклучително висока температура со користење на многу енергија, леење, испарување, брусење…

Процесот не е воопшто наивен, па ајде решија да ни кажуваат приказни за мали деца и да објаснуваат без документи, да кријат се што може да се скрие, да се закануваат, да вршат притисоци и да не обвинуваат дека “измислуваме” кога одиме во надлежните институции во Скопје.
Но никако не одговорија на советничките прашања и веќе повеќе од 7 месеци молчат…

ЗОШТО?!

За шурувањето со Еуромакс Ресурсис и воопшто да не зборуваме, бевте сведоци на она што се случи на вонредната седница каде градоначалникот им предлагаше на Новоселци преку барана донација да коленичат и молат од гробарот Еуромакс пари…

БАРАМЕ:

1. Да се објават сите документи, а особено технолошките
2. Бараме да се поништи градежната дозвола
3. Бараме да се одземаат ингеренциите на општината за издавање градежни дозволи
4. Бараме да влезе државна ревизија и да ја прочешла целата општина и нејзиното работење
5. Бараме градоначалникот да поднесе итна и неотповиклива оставка!

Добредојдени се сите, од сите политички партии но без никакви политички симболи, знамиња, ознаки!

Овде се работи за чиста злоупотреба на службените овластувања, лични интереси, непочитувањето на законите и криминал!!!

Бараме одговорност!!!

Одиме до крај!

ТОПИЛНИЦА НА АЛУМИНИУМ НЕМА ДА ИМА!!!”, пишуваат на Фејсбук прифилот Еко Долина.

На почеток