Македонија

Чибишев: Лицата кои беа вработени од Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија

18-те вработени кои беа вработени од поранешната директорка Бесија Иљази повеќе не работат на Токсикологија, откри новиот новиот директор Андон Чибишев.

Овие лица работеле со незаконски договори и со тоа внесувале немир помеѓу вработените и незаконски престојувале во институцијата со невалидни договори и добивале плата.

„Со тоа буџетот на Клиниката е оштетен за околу 650 илјади денари. Секој денар ни е важен. Целиот случај го документирав и ќе биде процесуиран пред надлежните институции, кажа новиот директор на прес-конференција со медиумите.

Чибишев вели дека повеќе нема да има „каубојски“ вработувања, ќе се вработуваат сите според законите на државата.

На почеток