Маричиќ и Шаќири на апанажа, дел од поранешните министри нема да бараат апанажа
Досега се одобрени апанажи за околу 40 поранешни функционери, од кои 36 се поранешни пратеници.
Поранешните министри Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и се враќаат на нивните поранешни работни места.
Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе го искористат ова право. Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири веќе поднеле барања.
Пратеници, заедно со Ковачевски, станаа речиси сите поранешни министри од СДСМ, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи, Славјанка Петровска и ексдиректорката на УЈП Сања Лукаревска.
Во наредните 12 месеци ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри, пратеници, директори на јавни претпријатија, а тоа е од 1.500 до 2.000 евра месечно.