Скопје

(Видео) Знае ли Данела: Покривот над ГТЦ наликува на исушена нива – празни фонтани, искршени маси, сува трева

Пожолте и е во распад зелениот покрив на ГТЦ. Го отвори ексградоначалникот Петре Шилегов, додека Данела Арсовска може и слободно да го затвори. Што поради негрижа, што од немарност. Исклучени фонтани, искршени масички кои повеќе наликуваат на канти за отпадоци, сува трева. Преживеале само дрвцата, веројатно поради тоа што издржуваат без често наводнување.

Ситуацијата изгледа како да нема ниту тековно одржување во време на Арсовска. Се распаѓаат бекатон плочките. И плочките кои се фасада на трите фонтани, се делумно распаднати.

„Скопје1“ испрати прашања до Град Скопје, зошто покривот за кој беа платени 550.000 евра и требаше да биде место за одмор на скопјани, е во ваква состојба. Побаравме одговори и дали ќе има одговорност за секторот/лицето кое треба да го одржува овој простор. Очекуваме да ни кажат и кога Данела Арсовска, мајката на градот, ќе си даде оставка.

Арсовска во предизборието ветуваше мега-паркови, куп зелени површини и хуман простор. Но не и, запустување на тоа постоечкото зеленило.

На почеток