Свет

Спречен терористички напад во Русија

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека е спречен терористички напад врз објектот на воено-индустрискиот комплекс во Самара, на југозападниот дел на Русија, што го планирал локален жител.

Според Управата на ФСБ на Русија за регионот Самара, во средината на 2023 година, жител на Самара влегол во кореспонденција со „припадник на проукраинска терористичка организација и се согласил да изврши саботажа и терористички чин во градот“. , пренесува РИА Новости.

Од ФСБ додаваат дека за да го спроведе тој план, осомничениот ги одбрал местата на злосторството, ги прегледал, а исто така составил и рачно изработени запаливи средства.

Против уапсените е поведена кривична постапка.

На почеток