Скопјанка настрада: се качила на ограда кај охридскиот “Залив на коски” и паднала во провалијата
Од
Објавено на
На 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.
Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.