Свет

(Видео) Голем удар за Русија, украинските сили одговорија на големиот руски ракетен напад

Украинските сили очигледно одговорија со беспилотни летала на вчерашниот масивен руски ракетен напад врз Киев и други градови.

Да потсетиме, руската армија вчера изврши насилен ракетен напад врз украинските градови, при што беше погодена најголемата детска болница во Украина.

Во нападите загинаа 41 лице, а 166 се повредени кога руска ракета срамни дел од детската болница Охматдит – најголемата педијатриска установа во Украина, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните утрински часови.

Утринава пристигнуваат информации за значаен напад на украински беспилотни летала врз цели во Русија. Претходно, гувернерот на јужната руска област Ростов изјави дека избувнал пожар во електрана откако Украина лансираше „десетици“ дронови.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украинците извршиле „масовен напад со дрон“. Во текот на ноќта, според руското Министерство за одбрана, противвоздушната одбрана на територијата на Русија соборила 38 беспилотни летала во областите Волгоград, Белгород и Ростов.
На социјалните мрежи се прошири и видеото од пожарот во електраната.

To Top